Press "Enter" to skip to content

Виолета Томовска, добитник на наградата за животно дело, по повод 4-ти Ноември

Естрадниот уметник Виолета Томовска е добитник на најзначајната општинска награда 4-ти Ноември за животно дело, која се доделува по повод Денот на ослободувањето на Битола, 4 -ти ноември.

Управниот одбор за доделувања на наградата 4-ти Ноември, чии претседател е Валентин Груевски, донесе одлука и за доделување на три годишни награди 4-ти Ноември, кои ги добија:

– д-р Александар Литовски – историчар

– Јован Василев – ракометен и спортски работник

– д-р Иван Додовски – театарски критичар.

Наградите ќе им бидат доделени на свечена седница која ќе се одржи во недела во Народниот театар во Битола.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.