Во рубриката совети за совршен изглед козметичари, шминкери стилисти… ќе препорачуваат совети, техники и модни трикови да бидете негувани, убави и во моден тренд. Овој пат make up за претстојната сезона есен зима 2018/19 година советува Ајтен Де Лукс – шминкер.Есенските – зимски трендови 2018/19, видени на модните недели изгледаат како да постои криза со идентитет, но на најдобар начин. Нема конечен компромис – nude & naturale или впечатливо и неон ? Овие два стила преовладуваат за шминка за оваа есен.
ТЕН – 2018
Порцелански тен или блед тен.
РУМЕНИЛА
Make-Up артистите одат во чекор со природно есенско расположение оваа сезона , така што го стоплија тенот со земјени тонови.Не потполно земјена боја ниту пак pink , најдобрата нијанса за образи оваа сезона е топла боја на праска.
КОНТУРИРАЊЕ
Оваа сезона контурирањето е толку суптилно што едвај се приметува.
Јаките и длабоки контури под јагодичните коски не се IN , туку само играње со природно обликување на лицето.
ОЧИ
Очите се во прв план оваа есен. Се нагласуваат бои кои се необични за оваа сезона;
-Неонски сенки
-Зачадени очи во боја
-Светки
-Футуристични мачкини очи
-Мокар изглед на очните капаци
-Сина сребрена сенка
УСНИ
Еден од анти-трендови за есенската шминка е враќањето природните усни.Усните без шмина се освежувачки затоа што конечно ги прифаќаме со нејзиниот облик и форма какви што се :
-Матирани усни
-Мокар изглед на усни
-Вино боја на карминТрендови
-Блескаво руменило
-Суптилно контурирање
-Блед тен
-Неон сенка
-Сребрена сенка
-Липс Стајн
-Усни вино боја
-Усни без шминка