Екипата на Пелистер денес не отпатува за Скопје, каде требаше да игра против екипата на Шкупи, а натпреварот ќе биде регистриран со 0:20, служмено.
Натпреварот не се одигра, иако беше закажан за 13 часот, бидејќи го суспендира прволигашот Шкупи поради неплатени обврски уште од ланската сезона.
Доколку Шкупи не најде начин да го плати долгот кон КФМ за седум дена, ќе има втор службено загубен натпревар и исклучување од лигата.
Во наредниот викенд екипата на Пелистер е домаќин на Куманово, кој е предводен од битолчанецот Александар Петровиќ.