Во кугланата на кугларскиот клуб Пелистер, заврши финалето на кадетското првенство до 14 години на кое учество зедоа 54 млади куглари од Битола, во машка и женска конкуренција. Во женска конкуренција Јована Гроздевска се надмина себе си со поставување на свој рекорд и неверојатно добри 194 дрва што беше недостижно за останатите. Второпласирана беше Емилија Перевска иако искугла одлично не успеа да го достигне резултатот на Јована, а на трето место се најде Михаела Петковска. Исто така одлично искуглаа Теодора Неделкова, Ружица Георгиева, Наталија Чона, Стефанија Алексовска и Андреа Вељановска.
Во машкото финале Коста Магденовски скугла добро и беше најубедителен. Второ место освои Васко Стојановскии заслужено се радуваше со среброто. Третопласиран беше Павел Гагачев кој со солидна игра стигна до бронзениот медал. Стефан Туловиќ, Архан Арслани, Даниел Радески, Давор Стојковски и Стефан Николовски ќе мораат со работа да стигант до првите места.
На финалето во кугланата во која се куглаше кадетското финале во публиката за прв пат на ваков натпревар имаше толку многу гости, видни личности од политичкиот, бизнис, спортскиот, културниот живот на градот.
Градоначалничката Наташа Петровска како голем пријател на куглањето уште еднаш цврсто потсети дека куглањето е урбан спорт кој му треба на Битола и дека ќе се направи се она што е неопходно Битола да ја добие долгоочекуваната стандардизира куглава во периодот во кој мора да модернизира за една година.
Претставниците на две компании кои помогнаа да се реализира овој проект на кугларскиот клуб Пелистер, да се отвори кугланата за младите од Битола, Новаци и Могиле беа воодушевени од тоа што се случуваше.
Директорот на “Витамоника“, Нико Берберу, беше воодушевен од амбиентот и натпреварувачкиот дух како на кугларските патеки така и на трибините и даде поддшка за овој ентузијастички потег кој го превзеде “Нови Перцепции“, а додели утешни награди за сите учесници кои не се стекнаа со медал.
Директорката на Стопанска банка АД Битола, Гордана Балтовска го искажа своето задоволство како се одвива проектот иако е во самата средина и останува уште толку време до крајот и потенцира дека е горда што токму ова го имаме во нашиот роден град, во Битола. Директорката додели утешни награди за поттик на оние кои не се стекнаа со медања.
-Финалето ми ја наполни душата со многу позивни емоции, бидејќи она што го замисливме на стартот се оствари. Деца кои пред некој месец немаа поим за куглање, немале влезено во кугланата, играа финале на завидно ниво. Успеавме 54 финалисти да куглаат за медал, а со голема поддршка од публиката. Заедно со Цане Поповски и Пеце Димовеки успеавме да направиме мало чудо и да докажеме дека само со многу љубов, максимална посветеност и макотрпна работа во толку кратко време се можни вакви резултати и една прекрасна генерација на млади куглари. Битола слави, рече Игор Михајловски, видно возбуден од самата атмосфера во кугланата.
С.Р.