Press "Enter" to skip to content

Отворени две изложби во Магазата (фото)

Синоќа во рамките на празнувањата по повод роденденот на Битола, во културниот центар “Магаза“ беа отворени две изложби.Првата изложба е поставена на вториот кат од “Магазата“, насловена “Претставување на Свети Никола во делата на Жан Пол Маршал. Свети Никола е заштитник на градот Епинал во Франција и изложбата е направена во чест на светецот, а ја отвори градоначалникот на Епинал.Втората изложба е поставена на првиот кат  на “Магазата“ а таа е традиционалната ликовна изложба на Друшвото на ликовните уметници на Битола.Изложбата на битолските ликовни уметници за отворена ја прогласи градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

 

More from КултураMore posts in Култура »