Press "Enter" to skip to content

Кошаркарките на Пелистер за половина кош подобри од Работнички

Пелистер – Работнички 60:59
 
Фаворизираната екипа на женскиот клуб Работнички од Скопје си замина поразена од Битола во третото коло од Првата кошаркарска лига на Македонија, а битолчанките заслужени го ставаат на своето бодовно салдо.
 
Екипата на Пелистер во поголемиот дел од натпреварот беа во водство, а во еден момент имаат и предност од 13 поени. Победата е позначајна и поради тоа што екипата на Работнички е составена од искусни кошаркарки кои се и репрезентативки, но подмладената екипа на Пелистер предводена од Нора Мемедова, Сара Стојановска, Стефанија Костадинова, посебно повратникот во тимот Теодора Кузмановска не му дозволија на гостинките да заминат од Битола како победнички, туку го направија изненадувањето на колото. 
 
Кошаркарките на Пелистер имаа прилика и со повисок резултат, но на три минути пред крајот се повреди Мемедова, која мора да се напомене дека натпреварот го започна со повреда на раката.
 
Исто така младите кошаркарки на Пелистер можеа иако имаа предност во текот на поголем дел од натпреварот  и да го загубат натпреварот доколку четиринаесет годишната Христина Ставревска не ги постигнеше последните 4 поени.
 
Најефикасни во екипта на Пелистер беа: Мемедова 19,  Кузмановска 25,  Костадинова 3, Стојсновска 9,  Ставревска 4.

 
Во наредното коло екипата на Пелистер гостува во Гостивар на истоимената екипа.
More from СпортMore posts in Спорт »