Здружението за развој и иновации на библиотеки “Инова Либ“ во рамки на проектот “Креативни умови ја креираат иднината”, финансиран од Владата на САД, заедно со Националната установа Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Битола преку активноста “Воведување на нови библиотечни услуги“ одржуваат обука за ученици од 3 и 4 година од средните училишта во Битола.

Деновиве се одржа обука на група од над 20 ученици од сите средни училишта од општина Битола за две интерактивни обуки кои опфаќаат:
– Објаснување на системот за високо образование во РМ и што тој нуди;
– Информации за студирање во странство (како да се насочат, каде да се информираат, што се бара при упис и сл.)
– Пишување на есеј на англиски јазик за студии во странство (важни делови)
– Информациска писменост – како до релевантни информации
– Ефективно пребарување на информации на Гугл.
– Пишување мотивациско писмо и CV.

Методологијата на работа на обуката се базира врз принципот на неформално образование кое вклучува интеракција и практична работа со учениците.
Предавачи на обуката беа м-р Јелена Петровска и Розита Петринска Лабудовиќ.