Советниците од Советот на општина Битола се вклучија во кампањата на Управата за јавни приходи за регистрација на граѓаните во системот за е-персонален данок. Во просториите на Советот беше тим од УЈП кој им помогна на оние советници кои тоа досега не го направиле да се регистираат во системот за е-персонален данок.Валентин Груевски, претседател на Советот рече дека како советници сакаат да ја популаризираат оваа мерка со која граѓаните ќе се регистрираат во системот, а со цел да олесни пријавувањето во УЈП, да не биде олеснето, а не како порано со гужви прес шалтерите на УЈП.
Управникот на регионалната дирекција на УЈП – Иванка Ристевска за оваа кампања пред советниците рече:-Оваа кампања е за поедноставување на процедурите за пријавување и пресметување на персоналниот данок на доход. Граѓаните по регистрацијата во системот е-персонален данок ќе ја добијат пријавата и таа ќе треба да потврдат или корегираат. Затоа сите граѓани треба се регистрираат до 31 декември 2018 година, регистрирањето е едноставно, а кореспонденцијата ќе биде преку електронска пошта. Имавме и досега вакви кампањи се со цел да ги поттикниме граѓаните што поскоро да се регистрираат во системот.
Со последните измени во Законот за персонален данок на доход , кој што стапи на сила на 1 јануари годинава, се менува начинот на пријавување на приходите кои ги остваруваат граѓаните и плаќањето на данокот, односно, развиен е нов систем т.н е-Персонален.
Со регистрацијата советниците тие сакаат да го доближат до граѓаните како што велат полесниот и посовремен начин на пријавување на приходите.Сега пријавувањето на приходите и данокот се прави електронски преку системот е-персонален, преку истиот систем сите граѓани кои оствариле приходи во текот на годината електронски ќе ја добиваат пополнетата годишна даночна пријава за остварени приходи и ќе имаат можност истата да ја потврдат и корегираат.