Press "Enter" to skip to content

“Бимилк“ ги отвора вратите за своите потрошувачи

По повод Светскиот ден на квалитет, кој секоја година се одбележува во ноември, “Бимилк“ ги отвора вратите за своите верни потрошувачи. Имено, на 15 ноември 2018 година, компанијата ги кани сите заинтересирани потрошувачи на т.н. „отворен ден“ во млекарата, со цел да имаат можност одблиску да го запознаат производствениот процес, а воедно и да ги дегустираат нивните производи.

Отворениот ден во Бимилк ќе трае од 13 до 16 часот, а низ целиот процес посетителите ќе ги дознаат начините на кои се произведуваат различните млечни производи, како и процесите низ кои истите минуваат, и тоа од клучните технолози за производство во компанијата.-Како компанија со традиција близу 70 години, секојдневно сме присутни речиси во секој дом во Македонија и нашите потрошувачи веќе имаат изградено силна врска со производите. Токму затоа сакаме да им дадеме можност и одблизу да ги запознаат процесите на работењето на компанијата и самите да се уверат во создавањето на квалитетен и безбеден производ, во современата технологија и имплементацијата  на стандардите за квалитет. Затоа на наше големо задоволство, ги повикуваме сите наши лојални потрошувачи заедно да го одбележиме Светскиот ден на квалитет, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг менаџер во Бимилк.

Светскиот ден на квалитет оваа година се одбележува денес, на 8-ми ноември и истиот има за цел да ја подигне свесноста на јавноста за потребата од спроведување на норми за квалитет во секоја компанија и организација.

“Бимилк“ како компанија која годишно преработува и повеќе од 40 милиони литри млеко, соработувајќи со над 1400 фармери кооперанти ширум Македонија, има имплементирано бројни сертификати за квалитет, чие спроведување бара максимална тимска вклученост на сите чинители на производствениот процес – од примарното млекопроизводство од страна на добавувачите, преку строгата контрола на сите процеси, па сѐ до дистрибуцијата и продажбата.

Познавајќи ја важноста и сложеноста на процесот на одржување на квалитет, Бимилк традиционално, секоја година, го одбележува Светскиот ден на квалитет преку различни активности, често организирајќи и слични отворени денови за сите заинтересирани граѓани, фирми и бизнис-партнери, со цел да им овозможи на своите купувачи запознавање со процесите на производство и контрола.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.