Press "Enter" to skip to content

И градоначалничката на Могила со отчет пред могилчани

Почитувани,

Со функционирањето на локалната самоуправа за прв пат се запознав во 2013 година како народен избраник за да бидам член на Советот на Општина Могила. Како тогашен член на Советот на Општина Могила бев во тек со капиталните трошоци, побарувања и задолжувања кои една Општина ги имаше за да функционира. Тоа ми даде дополнителен поттик и во ист момент и предизвик да се запрашам дали можам да одговорам на тој предизвик – водење на локална самоуправа  И успеав во тоа и денес одговорно, совесно и секојдневно остварувам по еден нов предизвик.

Пред да ја преземам функцијата градоначалник бев свесна дека ќе се соочам со финансиски проблеми и долгови на општината. Ја презедов таа одговорност и се задолжив да работам чесно и транспарентно, граѓаните имаат право да ја знаат вистината за фактичката состојба на нашата општина.

По извршената внатрешна финансика ревизија висината на долгот изнесуваше 30.437.408,00 денари.

И покрај малиот буџет со кој располага општината со гордост можам да кажам дека исплативме 17.141.726,00  денари. Сето тоа го постигнавме со домаќинско и одговорно работење и штедење, по пат на спогодби со доверителите настојуваме да го исплатиме и преостанатиот долг.

Во моментот долгот на Општина Могила изнесува 13.295.682,00 денари.

Моја одговорност е да работам законски, овие се пари на граѓаните.

Благодарение на Владата со донесувањето на Одлуката за финансиска поддршка на општините за раздолжување на 51% од пријавените неплатени обврски, општина Могила ќе се доведе во една стабилна финансиска состојба, ќе се зајакне фискалниот капацитет, ќе се врати довербата кај стопанството, а со тоа ќе добиеме одлободување на повеќе средства за развојни проекти во интерес на граѓаните.

More from МакедонијаMore posts in Македонија »

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.