Press "Enter" to skip to content

Промени во КК Пелистер, Печалев наместо Созовски

По само четири одиграни кола Управата на Пелистер се одлучи на промена на тренерската позиција, на местото на тренерот Предраг Созовски за нов тренер го именуваме Благоја Печалев.

Се уште од раководството на Пелистер нема официјално известување дали Печалев е времено решение или тој ќе ја води екипата во наредните натпревари.

Прва средба која  ќе ја води Печалев со екипата на Пелистер ќе биде в сабота против екипата на Куманово. Натпреварот ќе се игра во 13 часот.

Благој Печалев е искусен кошаркарски тренер кој долги години водел машки и женски екипи.

More from СпортMore posts in Спорт »