Младиот битолски ракометар Стефан Дрогришки веќе не е дел од тимот на ракометниот клуб Еурофарм Работник.
Денес тоа е соопштено и на официјалната веб-страна на клубот, на која е напишано:
-РК Еурофарм Работник ја информира јавноста дека денес спогодбено ја прекина соработката со Стефан Дрогришки. Во оваа прилика сакаме да му се заблагодариме на Стефан за сите досегашни заеднички мигови и да му посакаме многу успех во понатамошната спортска кариера.
Ваквиот спогодбен потег беше и очекувансо оглед на тоа што новиот тренер на Еурофарм Работник на него не сметаше уште од почетокот на сезоната. Дрогришки не беше дел од тимот кој настапуваше уште од почетокот на сезоната, а го немаше ни на првиот натпревар против Пелистер.
Дрогришки минатата сезона пристигна во Еурофарм од тимот на Металург, а каде ќе ја продолжи спортската кариера ќе се знае набрзо, а како можен тим каде би можело да игра се врти името на Пелистер, од каде и потекнува.