Еурофарм Раб0тник – Охрид 31:21 (15:13)
По подолга пауза ракометарите на Еурофарм Работник продолжија си победи пред својата публика, а овој пат ја победија и екипата на Охрид, во натпревар во кој одиграа онолку колку што и им требаше за осма победа во осум кола.
Екипата на Охрид одржуваше резултатска рамнотежа во текот на првиот дел, а така и продолжи се до средината на второто полувреме кога со серија од 7:0 од 16:16, фармацевтите дојдоа до 23:16, што беше и крај на сите надежи на охриѓани да направат нешто повеќе во спортската сала во Битола.Иако гостите се обидуваат да се вратат на некоја пристојна разлика за неизвесен финиш сепак посикусните ракометари на Еурофарм Работник не дозволија, а ја зголемија разликата на +10, со колку и заврши натпреварот 31:21, а во тој период на бековската позиција беа битолчаните Чурлевски и Петровски.
Најефикасен во оваа средба кај Еурофарм Работник беше Ѓукиќ со 11 гола, Маркоски постигна шест и Ојлески пет гола.
По оваа победа екипата на Еурофарм Рабонтник е лидер на табелата со 24 бода од осум кола.