Гостивар – Пелистер 39:52 (11:13, 14:7, 4:18, 10:14)
Кошаркарките на Пелистер ја забележаа четртата победа во Првата македонска кошаркарска лига на гостувањето против екипата на Гостивар со резултат 39:52, а со новите бодови се зацврстија на третото место на табелата.
И на оваа средба тренерот Горјан Стојановски, како и на претходните не можеше да смета на повредената Нора Мемедова, но затоа во тимот ја имаше репрезентативката Теодора Кузмановска која постигна 30 поени, а беше нерешлива енигма за противничките.
На гостувањето во Гостивар Пелистер настапи во следниот состав: Ана Стојановска, Анастасија Дракулевска, Илини Кулевска, Сара Стојановска 6, Ивана Велковиќ 8, Теодора Кузмановска 30, Ангела Трајчевска, Христина Ставревска 2, Вероника Павловска, Ана Талевска, Кристина Ивановска 6, Емилија Џорлиев.
Наредното коло екипата на Пелистер е домаќин на кошаркарките од Македонска Каменица, екипата на Баскеткам.