Press "Enter" to skip to content

Пелистер Волеј, сениорките поразени, младинските со две победи на вториот турнир

Работнички – Пелистер Волеј  3:0 (25:11; 25:19; 25:14)

Викендов сениорската и младинската одбојкарска екипа на Пелистер имаа свои настапи. Сениорките играа во Скопје и се поразени од екипата на Работнички со 3:0.

-Иако резултатот делува супериорно во полза на домаќинот, Пелистер не истрча на терен со бело знаме. Она што е добро е што за секој поен имаше борба до последен здив, а особено отпорот кој го пруживме во вториот сет, во кој практично бевме во континуирано водство до 18 поен. Неколку грешки кои практично беа единствени на крајот од сетот беа доволни моќниот противник да не дозволи да го загуби овај сет, вели тренерот Роберт Митковски.

Овој пат искуството можеби беше пресудно, но за истакнување е мотивацијата, пожртвуваноста во Пелистер Волје, но и добрата атмосфера по натпреварот, а одбојкарките се свесни дека бодовите треба да ги бараат на друго место.

Младинките на Пелистер Волеј настапија во Тетово на вторито турнир на кој беа убедливи нас екипите на Бами Кор и Шкендија, кои ги победија со 2:0. Тие имаа сигурно издание, две нови победи повторно без ниту еден загубен сет. Во првиот натпревар покажаваа огромна надмоќ, а во вториот одиграаа онолку колку што мораа до победа.

Освоени поени во првиот натпревар со Бами Кор: Петличковска 13,  Димовска 11, Стојановска 8,  Пејовска  6,  Димовска 2, Марковска 2.

Освоени поени во вториот натпревар со Шкендија: Стојановска 10, Трпеновска  8, Димовска 6, Петличкивска  3, Пејовска 3, Белокозовска 1, Василевска 1, Марковска  1.

На табелата по двата турнири води Пелистер Волеј со максимален број на бодови 8, а третиот турнир ќе се игра во Битола, а потоа Пелистер Волеј ќе добие нашиот противникот во баражот.

More from СпортMore posts in Спорт »