По повод ословодувањето на Велес, здружението на спортски ветерани од Велес го организира ракометниот тирнир на ветерани “Ракометни великаби“ кој се одигра во СРЦ “Гемиџии“ во Велес. На турнирот покрај домаќинот екипата на ветераните на Борец настапија и екипите на Пелистер, Прилеп и селекцијата на Македонија во ветерани.
Во полуфиналето екипата на Пелистер ја победи македонската селекција предводена од Пепи Манасков кој не настапи, а во финалето ветераните на Пелистер беа подобри од ветераните од Прилеп.Во екипата на ветерани на Пелистер се појавија Стевче, Златко, Тапано, Цане, Дамјано, Кире, Ќани…
Покрај тоа што екипата на Пелистетр го освои пехарот за прво место, за најдобар ракометар беше прогласен Златко Димитровски.
-Ова е еден нов начин на дружење кое го имаме и на кое со радост патуваме. Оживуваме стари спомени со некогашните спортски ривали, а со дел сме биле соиграчи сме делеле добро и лошо, убави и лоши моменти. Иако на овие ревијални натпревари пред се дружењето, сепак не изостанува и рувалството, а во една таква атмосфера се радувавме за освоеното прво место, вели Златко Димитровски.