Ракометната екипа на Пелистер по синоќешниот натпревар со екипата на Охрид одигран во салата “Билјанини извори“ во Охрид се најде во фокусот на ракометната јавност во Македонија. По инцидентот кој се случи во завршницата на првото полувреме беа исклучени четити ракометари, а РК Пелистер упати свое соопштение кое го пренесуваме со целост:
-Случката која нè наликуваше на фер-плеј е „намерното удирање со топката на Петров”.
При тоа домашниот тим во досегашните изјави ниту еднаш не ја призна вината за почетокот на целиот настан во кој четири играчи настрадаа со црвени и плави картони од двата табори.
Напротив, тренерот на Пелистер беше обвинет на еден од медиумите од охридскиот бек Димитријески, дека бил провокатор и што е најстрашно бил плукан.
Јошко Петковиќ многу јасно се гледа на видео снимката дека ги смирува неговите и противничките играчи, за што побргу да се смират страстите.
Да ја оцрниш победата на својот тим со дрско префрлање на вината на спротивната страна е претенциозно и неморално од своја страна, иако во текот на целиот меч домаќинот беше оној кој грубо ги фаулираше пелистеровите играчи за разлика од домаќинот, нашите професионално го одиграа цел меч и не возвратија со груба игра.
Жално е за македонскиот ракомет дека вакви и слични настани ги „грдат” ракометните претстави, наместо да бидат ракометна и спортско уживање за сите љубители кои ќе дојдат да го проследат во живо или пред малите екрани.
Уште еднаш Пелистер ја поздравува навивачката атмосфера и крајниот резултат, но не’ и немилиот настан кој и те како не беше потребен.