Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: Опасни игри на компјутер со предизвици и самоповредување кај тинејџери

Подготвил: Жанета Ристевска – психолог

Како и секое пореметување зависноста од компјутерите и игрите  ја препознаваме кога детето, тинејџерот ги промени воспоставените навики и започне да ги занемарува своите секојдневнио обврски. Потребно е да се обрне внимание на тинејџерите  кои се повеќе време поминуваат на компјутер и кои не излегуваат со пријателите, занемаруваат  лична хигиена, се поретко учествуваат во семејни активности или имаат слаб училишен успех.

Се покажало дека најпрво постои социјално повлекување и некој вид на емоционалана затупеност.

Предолго поминување време на  компјутер доведува до губење на интерес за важни случувања во реалниот живот додека пак социјалниот и емоционалниот се одвиваат во еден виртуелен свет и таму најчесто се наоѓа возбудата. Тинејџерите  остануваат будни до доцна во ноќта за да играат игри и тоа се одразува на нивните дневни активности. Дури и после предупредувањето  на родителите тие не можат да го контролираат времето поминато на компјутер.

Тинејџерите во чувствителен период најчеста жртва на  Интернет насилници (сајбернасилници) и предатори заради повеќе причини

Родителите треба да се свесни и предупредени  дека постојат многу деструктивни сајтови кои младите, а особено тинејџерите ги посетуват заради нивната лесна достапност. Тука се замките на интернет предатори кои ги демнат своите жртви на Интернет и кои обично ги вмрежуваат во групи каде комуницираат меѓусебно  и некои од нив заради разни причини најчесто: осаменост, несигурност, повлекување, недостаток на самодоверба и храброст.

Најчесто можат да паднат  под негативни влијание на деструктивни личности (сајбернасилници) кои им задаваат  задачи или предизвици кои им ги налагаат или на компјутер или преку телефон (со порака или повик најчесто во доцни ноќни сати). Тие се најчесто проследени и со закани што се надоврзува на  сајбер насилстсво  кое се шири со поттикнубање на агресивност кон себе или кон други личности или животни. Или ширење на зло кон другите или кон себе обично со самоповредување.Тука спаѓаат и предизвиците со  зашивување на конци кои се многу опасни и кои станаа популарни на социјалните мрежи минатата година и беа актуелни. Од зашивувањето може да се добијат инфекции и се што обично почнува како игра и предизвик кај тинејџерите кои сакаат да пробаат нешто ново и покажуваат храброст за некои необични и возбудливи работи се  опасни он-лајн игри како “Синиот кит“ околу кој се крена голема прашина минатата година  и се смета дека  тинејџери од Русија (од каде се смета дека и потекнува играта, а потоа се прошири и низ Европа и Балканот) извршија самоубиство играјќи ја оваа деструктивната игра. Таа претставува меѓународен феномен и  една  он-лајн игра со предизвици која ги поттикнува младите да се впуштат во серија предизвици  50 денови. Сето тоа се случува со добивање на порака од непозната личност број и дали ќе се поврзе на играта со шифра “во игра си“ или  “F58“ и други…

Се редат низа на предизвици кои им се задаваат на тинејџери кои  стануваат во денови кои следат  и се се потешки. Некои од нив се со самоповредување, обележување со остар предмет  кога треба да стави жиг со “F 58“ или забрана за спиење, гледање на хорор филмови, пиење на кафе, повредување на животни …  и на крај како ултимативен предизвик за де се победи   треба да изврши самоубиство.

Сето тоа се случува во некои доцни сати во ноќта кога расудувањето е намалено и  може да се делува на некоја личност која веќе се вмрежила во тој виртуелен свет на возбуда и себедокажување.  Ваквата игра  резултат на деструктуктивен и сатанкси ум, ги вовлекува некои тинејџери во еден мрачен виртуелен свет од кој најчесто и  не можат да направат разлика помеѓу реалност и виртуелен свет на игра.

 Тинејџерите  најчеста жртва заради повеќе причини:

Вакви игри и други деструктивни  содржини се   опасност која и понатаму демне  на интернет. Се разбира потенцијални играчи се тинејџерите кои сакаат:

  • Возбуда (која им недостасуава во секојдневниот живот)
  • Авантури и да пробуваат нови работи
  • Покажување на храброст
  • Некои од тинејџерите заради осаменост во секојдневниот живот наоѓаат пријатели во виртуелниот свет обично приклучувајќи се кон групи (меѓу кои и  сомнителни) заради играње на игри или чет.

 Тинејџерите се во опасност бидејќи се:

  • Во фаза кога се загрижени во пронаоѓањето на својот идентитет и опседнати со својот надворешен изглед. Во тој специфичен период надворешниот изглед им е мошне значаен сметајќи дека е и предуслов за успешен живот.
  • Многу често заради неприфаќањето на своето тело која е и основа за ситно самоповредување која го поттикниува играта, па до врежувањето на симболите и во краен случај – самоубиство.

Покрај овие постојат и низа на сајтови со проблематични и опасни  содржини кои се лесно достапни за тинејџерите, а родителите кои и не се компјутерски образовани тешко дека ќе можат да ги контролираат. И кога се појават случаи кои подлегнале на ова тогаш се зборува само за последиците, а не и за причините.

Влијание на “гејмери“, “јутјубери“

Ако еден гејмер или јутјубер има повеќе од 85.000 фанови тогаш само можеме да претпоставиме колкаво е неговото влијание и можност за манипулација. Злоупотребите се големи а можноста за родителска контрола готово никаква. Заради тоа децата од најмала возраст треба да се едуцираат  да бидат претпазливи на вакви опсности.

 Тинејџерите да се воспитауваат на универзални вредности

отворен разговор и вистинска комуникација која во тој специфичен период мора да биде: без наредби

-бидејќи во тој бунтивен период тешко се слушаат или прифаќаат  наредби или совети и колку тие да се поучни за нив.

-прифаќање на мислењето од  тинејџерот и кога се донесуваат одлуки да се почитува и слуша неговото мислење за одередени теми.

Родителите не смеат заради разни дневни обврски да ги запостават своите деца  и да го контролираат нивниот пристап до интернет и содржините со кои се занимаваат нивните деца особено тинјџерите кои се  осетливи и поводливи и мета на разни влијаниа преку социјалните мрежи интернет и секако на “јутјуберите“. Денес кога  се повеќе се  користат компјутерите и се знае ниното негативно влијание. Затоа може веќе да се зборува за Интернет зависност, зависност од компјутерски игри,  зависничко проверување на мејлови,  а кај адолесцентите и зависност од интернет порнографија.

Играње на компјутерски игри често компензација за помалото дружење со врсниците

 Истражувања покажале дека како и кај другите зависности личностите кои многу време поминуваат со комјутерски игри обично се: -интровертни, анксиозни и имаат ниска самодоверба. Што е помала социјализираноста и недостатокот на дружење  се  надокнадува со играње на компјутерски игри оние кои оневозможуваат онлине интеракција со други играчи.

Поттикнувајте ги децата на дружење со врсниците

Препораки: најважно е да се направи прв исправен чекор веќе во предшколскиа возраст

Потребно е детето да сфати дека компјутерот е сампо еден од можни облици и начини на забава и дека се користи за многу други цели.

За да се постигне тоа потребно е да му се овозможи на детето што повеќе време за  дружење со врсници и семејството. Детето треба да се поттикнува да оди на спорт и различни уметнички активности.

Што повеќе детето доживува успех и возбуда и задоволство во реалниот живот тогаш помалку ќе  компензира ова се низ компјутерските игри.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.