Press "Enter" to skip to content

Вечерва со “Синтезис“ започнува Фестивал на музика од светот

Кубанците “Фламенко Екос“ главна атракција на јубилејниот Фестивал на музика од светот во Битола кој ќе трае три дена.

Од 16-ти до 18-ти ноември, во Битола ќе се одржи јубилејното издание на интернационалниот Фестивал на музика од светот чиј организатор е Центарот за култура Битола.

Фестивалот ќе го отвори македонската група Синтезис. Македонската музичка етно група “Синтезис “ е основана во 1995 година со цел да го сочува и унапреди богатиот македонски музичкифолклор. Одговорна задача која оваа прекрасна дружина ја исполнува веќе една деценија и за која веќе знае и Европа и Светот. Името си го одбраа за да го изразат концептот за кој се заложија и цврсто го негуваат – внимателно комбинирање на традиционалните звуци со современите аранжмански решенија создавајќи една синтеза која му обезбедува живот на минатото и и трасира пат на иднината. Нурнувајќи се длабоко во македонската фолклорна ризница, сериозно водејќи сметка за зачувување на традиционалните вредности и имањето посебен усет за создавање на современи високоестетски стилизации, оваа група може слободно да го понесе епитетот на освежувачи на македонската фолклорна традиција и нејзини чесни продолжувачи.

Публиката ќе може да види и еден џез квартет од македонски музичари, а главна атракција ќе биде групата Фламенко Екос од Куба. Оваа група е основана во 1999 од страна на искусна група танчери и музичари кои се посветени на уметничката продукција, проучувањето и промоцијата на фламенго уметноста. Неговите уметници поседуваат високо техничко и експресивно ниво како и препознатлив талент и истите технички се обучени од страна на извонредни педагози, танчери, кубански кореографи и личности кои се занимаваат со фламенго. Нивната сценска изведба е дел од многу различни претстави во сите главни театри во Хавана и во земјата, од многу традиционални фестивали, национални и интернационални настани.

Во изминатите девет години на оваа најпосетена музичка манифестации во градот во текот на годината, на која досега настапиле Ричард Галијано, Наташа Атлас, Васил Хаџиманов, Каролина Гочева, „Фолтин“, Тереза Салгуеро, Карсу Домнез, Исмаил Лумановски и други.

More from КултураMore posts in Култура »