Press "Enter" to skip to content

Започна Фестивалот на музика од светот, со македонските “Синтезис“ (фотогалерија)

Во големата сала на Центарот за култура во Битола синоќа започна јубилејното 10.  издание на интернационалниот Фестивал на музика од светот чиј организатор е Центарот за култура Битола.Фестивалот за отворен го прогласи директорката на Центарот за култура во Битола, Маја Андоновска – Илиевски која рече дека фестивалот е еден од најзначајните фестивали во Македонија на кој настапија најдобрите групи и пеачи од Македононија, а настапиле и од Балканот и од светот. -Публиката од Битола која е присутна на секој фестивал од десетте кои се одржале заслужува звучни имиња, таа не поддржува, а ќе се надеваме дека и во иднина ќе продолжиме во таа насока, нагласи Маја Андоновска – Илиевски.Оваа година, 10. издание на фестивало Мизика на светот чест имаа да го отворат групата “Синтезис“ кој со своите изведби го задржаа вниманието на публиката.  Македонската музичка етно група “Синтезис “ има цел да го сочува и унапреди богатиот македонски музички фолклор. Одговорна задача која оваа прекрасна дружина ја исполнува веќе една деценија и за која веќе знае и Европа и Светот. Тие изведоа песни од најновиот алмуб “Остров“ а публиката уживаше и во песни од претходните албуми. Потоа во холот на Центарот за култура се одржа и промоција на нивната монографија.Денес на фестивалот ќе настапи “Музички квартет“, а утре се кубанците “Фламенко Екос“ главна атракција на јубилејниот Фестивал на музика од светот во Битола кој трае три дена.

More from КултураMore posts in Култура »