Press "Enter" to skip to content

Фудбалските ветерани Конзули домаќини на ветераните од Пловдив

На фудбалскиот стадион во Новаци се одигра пријателски-ревијален натпревар на екипите на фудбалските ветерани од фудбалскиот клуб Конзули од Битола, кои беа домаќини на ветераните од Пловдив кои се организирани во клубот ЕСК Морски Зговор.Натпреварот заврши со пријателски резултат, 3:3, а таква беше атмосферата на натпреварот во Новаци, а и на заедничката средба која беше организирана во чест на гостите од Бугарија.

Ваква средба беше организирана пред еден месец во Пловдив каде гостуваа фудбалерите на Конзули.Екипата на Конзули покрај настапите на големите фудбалски терени настапуваат и на турнири во мал фудбал каде постигнуваат значајни успеси.

Фудбалските ветерани Конзули се организирани во здружение на граѓани, а за тимот настапија Мојсо, Тигана, Менде, Шлемо, Шамбата, Мими, Тигана, Пеце, Андреј…

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.