Во рамките на кампањата „И родителството се учи“ подржана од Министерството за социјална политика, Министерството за здравство, Министерството за образование и наука и Европската Унија – Уницеф во големата сала на Центарот за култура се одржа настан “Разговори за родителство“.
Настанот започна со аудио визуелен перформанс “Тишина“ на културниот центар “Битрикс“. Сашко Коцев во свој сопствен стил даде вовед за настанот „Разговори за родителство“. Потоа продолжи:
-Секој сака да биде биде добар родител ако сакате да научите повеќе за развојот на детскиот мозок, емотивното поврзување, градењето на карактерот, родителските стилови и ефектите од негативните искуства врз детскиот развој придружете ни се на нашиот прв настан „Разговори за родителство“.
Покрај аудио визуелниот перформанс „Тишина“ кој ги оживеа вашите сетила и со кој го започнавме овој настан, ќе учествуваат и деца и млади од Битолското танциово студио „Expose“ со перформанс на тема „Вина“ и експерти кој секој од своја област ќе даде излагање на темата, најави Сашко Коцев.Следуваа излагањата со интерсени видео презентации на експертите Бенџамин Перкс претставник на Уницеф кој зборуваше за научните сознанија дека во првите години од животот човечкиот мозок се развива со брзина која никогаш потоа нема да се повтори, заради тоа секое поединечно искуство на детето влијае врз мозокот и го обликува начинот на кој тоа размислува, чувствува, се однесува и учи понатаму во текот на животот.
Потоа следуваше презентацијата на психологот, Маријана Марковиќ, која зборуваше за емоционалното поврзување.На видео презентацијата „Зборовите имаат тежина… тежина што може да ја носиме во душата засекогаш“, „Се гледаш ли какав си “?, “Се гледаш ли што правиш“?, “За ништо не те бидува“, се надовразаа професор, Алма Тасевска, која ги изложи различните стилови на родителство и проф. д-р Кирил Барбареев кој се осврна на тоа како да се развие карактерот кај децата и зошто е тоа важно.
После излагањата на експертите оние кои присуствуваа на настанот, а имаше голем број на родители можеа да им поставуват прашања на кои тие им одговараа при што се разви дискусија на темата која произлезе од нивните излагања и презентации.
Кампањата „Родителството се учи“ има за цел да го сврте вниманието кон потребата родителите да се поддржат во подигање среќни, здрави и паметни деца. Таа е кампања за кревање на свеста на родителите и на поширокото општество за негативните ефекти кон насилството, злоупотребата, и запоставувањето ги имаат врз развојот на децата.Кампањата ќе обезбеди информации и подигање на свесноста за позитивно родителсво и пристапи и техники кои се достапни во подигањето на децата.
Ж. Ристевска