Press "Enter" to skip to content

Утре градско ракометно дерби Еурофарм – Работник, влезниците по 50 денари

Утре во 17 часот во спортската сала “Боро Чурлевски“ ќе се одигра градското ракометно дерби помеѓу екипите на Еурофарм Работник и Пелистер.

Домаќин на овој натпревар е екипата на Еурофарм Работник која ги извести своите фанови и симпатизери дека од денес, вторник (20 ноември 2019 година), ќе ги пушти во продажба влезниците за натпреварот од 10. коло на Суперлигата против Пелистер.

Билетите по цена од 50 денари може да се купат во

Тобако Вагабонд – Brother tobacco (Широк Сокак),

Тобако Снеки нова (градско шеталиште), и

Тобако All in one (новиот пазар).

More from СпортMore posts in Спорт »