Press "Enter" to skip to content

Благојче Златановски – Лале, прв битолчанец на поларна експедиција во Шведска?! (фото)

Триста километри поминати во шест дена на северот на Шведска на -30 степени, ова е предизвикот со кој ќе се соочи Благојче (Лале) Златановски, по потекло битолчанец кој живее во Шведска.Од оваа неверојатна авантура го делат уште 25 дена, но и неколку илјади гласови на социјалната мрежа “фејсбук“, кои треба да ги собере за да си обезбеди место на поларната експедиција низ Северна Шведска која ја организира познатиот спортски бренд “Fjallraven“.

Моментално е на третото место на гласањето кое се одбива он-лајн .-Да се биде во северна Шведска една недела и да се спие на отворено во шатори повлекува одреден ризик,но решен сум да бидам дел од ова неверојатно нешто и да се соочам со најголемиот предизвик во мојот живот досега, ни рече нашиот сограѓанин по вибер комуникацијата.Благојче е голем авантурист кој сака да патува и да посетува несекојдневни земји. Едно такво патување неодамна имаше во Етиопија, Танзанија и Фарските Острови.-Во текот на годините имам патувано многу, но најголем впечаток ми оставија Северна Кореја, Грузија, Ерменија, Бали, Тајланд, Колумбија и секако Македонија, додава Благојче.

Македонија, поточно Битола ја посетува секогаш кога е во можност заедно со својата сопруга и трите сина. Неговите родители се од битолско и времето поминато овде секогаш е доживување за нив.Битолчани гласајте за Благoјче-Лале, да биде првиот македонец кој е дел од поларна експедиција во Шведска.

Линкот за гласање:

https://polar.fjallraven.com/contestant/?id=4962&fbclid=IwAR07EtRq_SpUCfH7Ee01REwtgGK1h92z8-OsU3kFXVptXaxrj2OT02brmsE

More from ВестиMore posts in Вести »