Во културниот центар Магаза, националната установа Завод и музеј Битола во соработка со Роднокрајниот музеј од Књажевац, Србија го одбележуваат големиот јубилеј 100 години од завршувањето на Првата светска војна со изложба – Сима Жикиќ – сведок на воените страдања.Изложбата опфаќа значајното и богато уметничко наследство од Сима Жикиќ (1878-1964), књажевскиот свештеник, вероучител, иконописец, сликар и професор по ликовна уметност, кое се чува во наследство во Роднокрајниот музеј во Књажевац.
Оваа изложба претставува одличен извор на разбирање, ново толкување на историјата и на одредени општествени појави со кое се придонесува за „реконструкција“ на одредени делови на колективната меморија.
Сима Жикиќ се јавува како несекојдневен хроничар на своето време и сведок е на воените страдања на населението од регионот Тимок и Србија за време на Балканските војни и за време на Првата светска војна.
Изложбата предизвика големо внимание во нашиот град, а може да се посети во наредните седум дена.

Изложба – Сима Жикиќ, сведок на воените страдања (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Денес отворање на изложбата и доделување на наградите на фото-изложбата “Со љубов од Битола“
- Магазата во Битола ги отвори вратите за програмата “На Кино па Олабај“ со Манаки ОФФ
- Оворено 44. издание на “Браќа Манаки“, за Питер Бижу наградата “Златна камера 300“ за животен опус
- Под мотото „Прекрасното непознато“ вечерва почнува 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“
- „Наследниците на Манаки“: младите ја продолжуваат приказната на браќата Манаки за Битола