На 24.11.2018 година околу 12,55 часот во Битола, на крстосницата од улиците „Булевар 1-ви Мај“ и ул.„Никола Тесла“, униформиран полициски службеник во СВР-Битола, додека преземал службени дејствија од областа на сообраќајот односно за неправилно паркирано патничко моторно возило „Фолксваген шаран“ со битолски регистарски ознаки, бил физички нападнат од возачот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.