Press "Enter" to skip to content

Битолчанката Вера Стојчевска-Антиќ ги промовираше најновите дела во Ресен (фото)

Во центарот за култура “Драги Тозија“ во Ресен се одржа Промоција на најновите книжевни дела на битолчанката проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ, “Мојот професор пророк“, “Траен изворник“ и “Македонистиката во странската славистика“.  Промотор на трите дела беше писателката Лидија Дочовска-Павловска.

Пред голем број на гости и почитувачи на делото на проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ, меѓу кои и градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски, кој ги подрави гостите, беа промовирани трите книги. Покрај промоторот Лидија Дочовска-Павловска, зборуваше и авторката на најновите дела, што предизвика големо внимание кај присутните.Инаку, проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ, е родена е во Битола 1939 година, а основно и средно образование завршила во родниот град. Дипломирала во 1963 година на Филолошкиот факултет во Скопје. Таа била професор на Филолошкиот факултет “Блаже Конески“ во Скопје до пензионирање. Почесен член на ДПМ, како и на Американската славистичка асоцијација, прв директор на Институтот за македонска литература, во основање, почесен член е на Друштвото за наука во Битола.Научната дејност на Вера Стојчевска Антиќ е позната во бројни македонски и странски славистички центри, која главно се одвивала околу средновековната македонска книжевност, теорија, фолклор, со компаративни согледби, а е добитник и на наградата “4 ноември“ на градот Битола за животно дело.

Делото на Вера Стојчевска-Антиќ содржи над 850 објави во земјата и во странство, од кои околу 70 претставуваат книги, од кои некои се со коавторство, поголеми печатени делови од македонската книжевна историја.

More from КултураMore posts in Култура »