Press "Enter" to skip to content

Градоначалничката имаше средба со ракометарките на Пелистер

По успех на женскиот ракомет во Битола, ракометарките на Пелистер, кои во Малта  го поминаа третиот круг во Европскиот Челинџ куп, со што остварија историски успех за женскиот ракомет во Битола имаа прием во кабинетот на градоначалничката Наѕташа Петровска.

Петровска го поздрави нивниот успех и го потенцираше многу пати искажаното, дека општината секогаш ќе ги вреднува вистинските спортски успеси.

На средбата присуствуваа и претседателот на Советот на Општина Битола Валентин Груевски и координаторот на советничката група на СДСМ во битолскиот совет, воедно и ракометен судија, Методија Илиевски.

Инаку, општина Битола во текот на оваа година, го помогна работењето на Пелистер со 700.000 денари, средства од буџетот на општината, а за патувањето во Малта, општината успеа да обезбеди дополнителни 100.000 денари.