-Брилијантните фотографски пандани и откритија на Јанкулоски покажуваат дека нема поголем крик од немиот крик на фотографијата како опомена што било во минатото, а што ќе биде во иднината – Јордан Плевнеш.Изложба на фотографии со наслов „1918/2018 рефотографирање“ на авторот Роберт Јанкулоски беше отворена денеска во галеријата на Заводот и музеј Битола. Покрај неговите 32 фотографии, се изложени и 18 фотографии на фотографите Јанаки Манаки, Милтон Манаки, Зафир Ошавков и Кирил Миноски.
Оваа изложба авторот на отворањето ја нарече “нема изложба“ бидејќи нема наслов, но изложбата не е “нема“ затоа што фотографиите кажуваат многу, за еден настан кој е дел од светската историја.
-Се обидов да фотографирам места кои ги има на некои стори фоторафии на стари мајстори на форографијата, но времето од еден век, не го дозголува тоа порафи измената георграфија на просторот, па затоа има некои отстапувања, рече авторот Јанкуловски на свеченото отворање.
Јанкуловски се заблагодари на помошта на Државниот архив, поседно на одделението во Битола, за сесрдната помош која му е дадена за време на реализацијата на овој проект.
Роберт Јанкуловски ги повика сите кои се занимаваат со оваа тематика и со овој простор, да не чекаат некои јубиле како овој 100 годину од крајот на Првата светска војна, туку секојдневно да истражуваат и на јавноста да им даваат нови информации.
Изложбата е во организација на Македонскиот центар за фотографија, во соработка со Државниот архив на Република Македонија – одделение Битола и Заводот и музеј Битола.Јордан Плевнеш за изложбата ќе рече:
-Низ виртуозната естетичка опсервација на Јанкулоски се случува таа антивавилонска сила што може еден век да го претвори во еден фотографски миг и слично на постмодерните истражувања на Кристијан Болтански, во неговата уметничка проекција „Последните секунди“, да ни го отвори радикалното прашање дали континентот Европа ќе може да го преземе историскиот товар на императивот дека може во иднина да биде цивилизација на љубовта. Во светот на Јанкулоски, низ европската перспектива на европската трагедија, го откриваме фотографското огледало на Андреас Гурски, кој вели дека во секој пејзаж на глобализацијата ние го откриваме, всушност, нашиот внатрешен свет. Едно од клучните прашања на модерната европска цивилизација беше зошто никој во Европа не знае да крикне.