Во периодот од 19. до 23. ноември тим од две наставнички Соња Јанкуловска и Биљана Додовска-Георгиев заедно со своите четири ученици Глорија Божиновска, Емилија Богоевска, Андреј Јовановски и Емилио Даниловски и уште три тима од Турција, Романија и Германија престојувашр во Шпанија, која исто така е дел од тимот за реализација на проектот, “Малцинствата во Европа“ преку програмата “Ерасмус“.-Во нашите училишта, забележуваме дека нашите ученици не се многу свесни за фактот дека малцинствата имаат голем придонес кон културната разновидност која ја имаме во Европа сега, како и предрасуди кој за жал ги гледаме дека нашите ученици ги развиваат против малцинствата и наместо да ги ценат нивните придонеси тие завршуваат со социјални проблеми со инклузијата, рече наставничката Соња Јанкуловска.
Оваа несакана ситуација е за пречка за развојот на заеднички Европски идентитет и уште поважно за зачувување на европското културно наследство.Целта на проектот е да создаде свест за малцинствата и нивниот придонес кон културната разноликост, борба против предрасудите, поттикнување на социјалното вклучување за да може да се промовираме “чувството за заедништво“ и да се негува европското културно наследство.
-Во текот на нашиот престој нашите ученици преку повеке работилници успешно ја претставија Македонија, градот Битола и своето училиште “Даме Груев“. Неизбежна беше и посетата на “La Sagrada Familia“ каде преку видеа и предавање од водич се вратија во минатото во времето на познатите архитекти Antoni Gaudí и Francisco de Paula del Villar y Lozano, Но, на крај морам да ја потенцирам дружбата на нашите ученици со уште 30 други ученици од сите партнер училишта преку работа и,забава и почеток на нови познанстав, додаде Биљана Додовска-Георгиев.
Проектот продолжува со активностите во наредните две години со следни мобилности во Германија и Романија.