Press "Enter" to skip to content

Останаа пари од субвенциите за велосипеди, се пренаменија за печки на пелети

Прва точка на дневниот ред на Советот на општина Битола беше донесување на одлука за пренамена на средства од Буџетот на Општина Битола за 2018 година, а средствата за кои требаше да се донесе одлука за пренамена беа за субвенциите за велосипеди.

Поради тоа што според бројот на пријавените битолчани за искористување на субвенции за купување на велосипеди не се исцрпија сите предвидени средства, на денешната седница беше изгласано дел од останатите средства да се пренаменат за доделување на субвенции за купување на печки на пелети, бидејќи за купување на печки имаше голем интерес.

More from ВестиMore posts in Вести »