Press "Enter" to skip to content

Битолската библиотека свечено го одбележа Патрониот празник

Со денешните настани во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола завршија свеченостите за празнувањето на патронот Свети Климент Охридски – Чудотворец на оваа значајна културна установа за нашиот град.

На почетокот на настанот на присутните им се обрати м-р Бојан Стефановски, директор на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, кој рече:-По повод 8. декември денот  на нашиот патрон Свети Климент Охридски – Чудотворец денес го одржуваме поетско музички рецитал 50 години „Дениција“ од Петре М.Андреевски, метафора на животот љубовта и смртта. Инаку, патронот го одбележувавме два дена, вчера со промоција на творештвото на Винка Саздова, а двата дена настаните беа доста посетени од нашите читатели и пријатели, со што достоинствено го одбележавме нашиот патронен празник.

Стефановски додаде дека годинава  библиотеката со голем број на активности кои што ги реализирале дале значаен придонес во збогатувањето на културиот живот на нашиот град. Дел од тие активности беа претставени преку плакати и покани и истите се поставени во холот на библиотеката како една ретроспектива на богатата културна активност на НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола.

На денешната свеченост се одржа поетско музички рецитал 50 години „Дениција“ од Петре М. Андреевски, метафора на животот љубовта и смртта.

На крај на свеченостите околу празнувањето на патрониот празник беше промоцијата на списанијата Библиотечен тренд бр. 46, Зборник на излагања од 13-та Роднокрајна средба со битолските писатели од Македонија и Млади поетски перформанси (Избор на поетски творби), Книга 2, чии промотор беше библиотекарот Илче Стојановски.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.