Press "Enter" to skip to content

Винка Саздова ја претстави Венко Андоновски, во преполната сала за промоции на библиотеката (фото)

Националната установа Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ продолжи да ги изненадува своите читалели со организирање на средби со најчитаните македонски актери кои од ден на ден се популарни кај читателите и бележат тираж изразен во илјадници примероци.Овој пат Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ заедно со издавачкиот центар “ТРИ“, со големо задоволство на битолските читатели им организираа средба со една од најпопуларните македонски авторки, Винка Саздова.Авторката Саздова и големиот број на присутни ги поздрави директорот на Библиотеката, Бојан Стефановски, а на средбата на која беше промовирано творештво, за нејзиното творештво говореше нашиот истакнат автор, проф. д-р Венко Андоновски.На оваа прва средба на Винка Саздова со битолската публика, имаа можност да се запознаат одблизу со авторката чии романи допреа до илјадници читатели во Македонија, но и пошироко.

Инаку, Винка Саздова е автор е на романите „Последниот чај“ (2009), „Полиња со диви нарциси“ (2011), „Понекогаш доаѓа среќа“ (2013) и „Луна“ (2015). „Последниот чај“ е преведен на српски, хрватски и бугарски јазик. Двапати ја има добиено наградата „Најчитан автор“ – во 2012 г. од НУБ „Св. Климент Охридски“, а во 2014 година од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.По промоцијата, како ретко до сега во Битола, се чекаше ред за купување на книги од авторите Винка Саздова и Венко Андоновски во Битолската библиотека и за потпишување на купените книги од двата автори.

More from КултураMore posts in Култура »