Press "Enter" to skip to content

Методија Илиевски: заклучокот за субвенционирана струја е компромис, а не предлог на “Поинаку“

Здравјето на битолчани било и ќе биде на прво место за СДСМ. Кога никој немаше слух ние на 4. јануари 2014 г. Први укажавме на сериозноста на овој проблем со кој се соочува Општина Битола.

За нештата да бидат појасни дозволете да го демистифицираме заклучокот кој вчера едногласно го донесе советот на Општина Битола. Апсолутна невистина е дека беше прифатен предлогот на “ПОИНАКУ“ кој беше нереален и несоодветен. Вистината е дека  да ги испита сите законски можности за субвенционирана цена на струјата за жителите на Општина Битола, но за жал тоа нема да го реши проблемот со загадениот воздух.

Како одговорна и посветена власт на централно и локално ниво само во последната година АД ЕЛЕМ заедно со Општина Битола вложија над 45 милиони денари за подобрување на амбиенталниот воздух и животната средина во овој регион. Свесни за загаденоста на воздухот во наредниот период Опшина Битола заедно со Владата на РМ преку АД ЕЛЕМ ќе реализираат низа проекти и мерки.

Само во 2018 година средствата кои се издвоени за заштита на животната средина и подобрување на амбиенталниот воздух се поголеми од вкупно вложените во изминатиот 12 годишен – мандат од претходната власт.

Од самото доаѓање на новата локална самоуправа, заложбата за транспарентност и отвореност за дијалог е наш приоритет, заради тоа секаков повик за протест е апсурден, лицемерен и единствено служи за политички публицитет на организаторот.

Загадувањето не настана преку ноќ, тоа е многу посериозен и покомплексен проблем од тоа што некој сака да го прикаже, на здравјето на граѓаните не се добиваат политички поени.

Ние остануваме посветени и истрајни до реализација на крајната цел, а тоа е решавање на овој проблем.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.