Press "Enter" to skip to content

Протест против загадувањето на воздухот пред општинската зграда (фото)

Точно во 16 часот започна протестот организирана од советничката група “Поинаку“ против загаувањето на воздухот или за чист воздух.На протестот присуствуваа и голем број од советничката листа на “Поинаку“ од последните локални изботи, нивни активисти и граѓани од Битола, а им приклучи и невладината организација “Меѓаши“ од Скопје.

На протесттот зборуваше советничката Габриела Илиевска која рече:-Протест има една цел да го искажеме нашиот револт за она што и се случува на Битола. Податоците велат дека бројот на заболени во битола од белодробен карцином е 2,5 пати поголем од оној во Државата. Исто така, бројот на заболени деца од малигни неоплазмие загрижувачки, додека концентрацијатана ПМ- 10 честичките континуирано секој ден во Битола е над дозволеното ниво.

-Нашето барање за субвенционирана струја е само прв и мал чекор од она што Битола треба реално да го добие. Затоа ја повикуваме Владата на РМ да ги слушне нашите барања и добро да размисли за секој нареден чекор што ќе го преземе за Битола, рече советникот Чулакоски.

За време на протестот беше блокиран сообраќајот на Булеварот 1-Мај.

 

 

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.