Press "Enter" to skip to content

Интервју: Маријана Милевска – директор на “ПРЕДА  Плус“, со проектот “И од Битола се може(и)“ битолчани од идеја до успешен бизнис

Пишува: Жанета Ристевска

Повод за нашиот разговор новата пилот програма и повикот за апликации за Start up и иновативни идеи во бизниси.  Не  дочека во канцеларијата на “ПРЕДА Плус“ во работна атмосфера, позитивна и љубезна  каде заедно со  Лидија Ангелковска проектен координатор, ги прават подготовките за започнување на оваа пилот акцелераторска програма и информирање на заинтересираните од повикот за аплокациии. Ни зборуваат за големата ангажираност околу активностите,  заедно со тимот на “ПРЕДА Плус“ кои ги очекува во наредниот период.-Подготвени сме и тука сме за сите заинтересирани, кои ќе доаѓаат  од 17-24 декември секој ден од 12-13 часот во нашите канцеларии на улица „Кузман Јосифовски 88/4“ на т.н отворен час „Ask me anything“, а на  21.12. во четврток цел работен ден каде може да  добиваат информации за се што ги интересира.  Информации за апликацијата, каде да ја достават, како, целта на акцелераторската програма, и што ќе добијат ако бидат избрани и влезат во 60 лица со најинтересни иновативни идеи за Start up бизнис, ни рече на почетокот на разговоро Милевска и додава: со голем ентузијазам ја започнуваме оваа акцелераторска програма за Start up  која имаше своја промоција минатата седмица со презентери успешни битолчани  во различни области во бизнис,  кои зборуваа за своите успешно реализирани идеи.

Тие отворено зборуваа  за   предизвиците кои произлегле од нивните почетоци, тешкотиите, и патот до развивање на успешен бизнис. Имено од една иновативна идеја, до  нејзиното реализирање во  успешен бизнис кој понатаму остварува многу големи приходи. Секако многу мотивирачки приказни за младите кои присуствуваа на презентацијата. Сите реални, остварени, а започнати само како една  нова оригиналана идејa. Успешните бизнис презентации  предизвикаа големо внимание кај присутните, повеќе млади луѓе. Тука за прв пат  се промовира оваа акцелераторска пилот програма за Start up . Имено таа има за цел да ги мотивира и поттикне  младите лица до 35 години  со иновативност и нови идеи  да се вклучат во програма за Start up и развивање  успешен бизнис.  Бидејќи  секоја иновативна идеја има потенцијал  и во секој кој ја носи, се крие претприемнички дух кој треба да го открие, поттикни и секако развие. На сето ова се надоврза и интересниот слоган   „И од Битола се може(и)“ за кој веќе се зборува“.

„И од Битола се може(и)“ слоган  на пилот програмата за Start up бизнис,  што значи?-Идејата за слоганот произлезе од бура на идеи на една работна сесија, токму тука во оваа канцеларија во работна атмосфера заедно со консултант од В.Британија при осмислување на активностите за акцелераторска програма како мото за промовирање на истата. Секако требаше да биде интересен и  мотивирачки. Напишана е и по битолски дијалект со „можи“. Идејата е да мотивира, поптикне  млади личности кои се иновативни, креативни, оригинални, а ги има многу во Битола, да се вклучат во реализирање на идеја до успешен бизнис и од тука во Битола. И од Битола се може да се започне успешен бизнис, само ако се има оригинална идеја. Се надеваме дека многу млади ќе ги реализираат своите оригинални идеи.

Тука во “Преда Плус“ гледаме млади луѓе со интересни,  иновативни и оригиналани  идеи. Кажете ни повеќе за “ПРЕДА Плус“, што претставува,  кога е формирана?-“ПРЕДА Плус“  е оформена и постои од 2010 година како Фондација за одржлив економски развој,  секој кој сака повеќе да знае  за нас може да ја посети нашата веб страна wwwpredaplus.eu  таму може да се види дека постои од 2000 год. како Швајцарски проект за мали и средни претпријатија. Во  тие 10 години од 2000 до 2010 година  се акумулираа знаења и човечки капацитети во различни области на економски, регионален развој и развој на мали и средни претпријатија. Во 2010 година  капацитетите на “ПРЕДА  Плус“ се прошируваат и надвор од регионот на ниво на цела Р. Македонија. Фокусот е на бизнис сектор и економски развој. Во 2013 година  после проектот за развој на јужно Косово фондацијата отвора канцеларија во Призрен Косово и станува меѓународна организација. Во 2014 година станува  партнер на  најголем проект за економски развој во државата –  IME каде фокусот на “ПРЕДА Плус“ беше во поддршка на IT индустријата во Македонија. Од тој проект успеавме да соработуваме со главни играчи кои работат со претприемништво во Македонија т.н. Start up сцена за новоосновани бизниси, креирајки можности за вработување нa  преку 100 млади лица, и да се овозможат  приходи од преку 500.000 евра во различни иновативни бизниси. Со тоа искуство за креирање на програми на  Start up бизниси со поддршка на млади луѓе главно во Скопје, се обидуваме да поттикнеме и втор IT  центар во Битола и Пелагонискиот регион. Заради тоа  заедно со Факултетот за информатички и комуникациски технологии ФИКТ веќе подолго време ја развиваме идејата за Универзитетски акцелератор кој ќе ги поддржува студентите да се определат за свој  бизнис. На почеток британски консултант работеше на концептот на Универзитетски акцелератор, а потоа заедно ја дизајниравме Пилот акцелераторската програмата која ќе поддржува млади лица до 35 години,  да започнат Start up и развијат свои бизниси со нови, иновативни идеи.

Кажети ни повеќе за пилот Aкцелераторската програма и што таа  претставува?-Универзитетската Акцелераторска програма е пилот програма на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола (ФИКТ) и “ПРЕДА плус“ подржана од Европската Унија која има за цел подршка и унапредување на бизнис идеи на млади луѓе од Битола и Пелагонискиот регион. Цел на оваа акцелераторска програма е да подржува стартапи во рана фаза со цел да се поттикне развој на иновативни идеи во повеќе области. Во период од 6 месеци Универзитетскиот Акцелератор ќе обезбеди тренинг , коучинг и менторски услуги за учесниците или оние кои ќе се пријават на првиот повик за учество во Акцелераторската   програма.

 Кој може да аплицира?-Можат да аплицираат сите заинтересирани невработени лица, студенти, дипломци до 35 години кои имаат некаква идеја, апликација или решение за одреден проблем. Сите заинтересирани најдоцна до 24 Декември 2018 година можат да аплицираат преку пополнување на следната он-лајн форма https://bit.ly/2L002VN. Повеќе информации може да добиете на ФБ страната на EMPLOYOUTH@employouthmk на веб страната на Преда Плус  wwwpredaplus.eu. Сите информации можат да ги добијат и на отворените часови „Ask me anything“ во нашата канцеларија (од 17-24 декември) каде ќе бидат информирани на лице место за апликацијата и  што ќе добијат после тоа ако влезат во програмата. Имено од апликантите ќе бидат избрани 60 млади лица со иновативни идеи, за да конкурираат за Start up  бизниси и ќе влезат во програмата. Сите тие со подршка на ФИКТ ќе имаат можност да се едуцираат и спојат со бизнис секторот и потенцијални инвеститори. Тие ќе влезат во интензивна програма која ќе трае 6 месеци.  Оваа програма ќе се  покрива и преку програмата за прекугранична соработка со Грција. Најдобрите од оваа програма ќе учествуваат на Меѓународен конкурс во соседна Грција.

Кажете ни подетално што ќе добијат оние (60 избрани) кои ќе влезат во таа програма?-Сите оние кои ќе бидат избрани односно вкупно 60 лица ќе добијат обуки, курсеви и тренинзи со цел да развијат индивидуални вештини поврзани со претставување на личен профил, вештини за преговарање, зајакнување на тимски дух, развивање на лидерски вештини, промовирање на идеја, услуга, производ, бизнис модели. Потоа специјализирани консултантски услуги со цел да ја развијат својата идеја. Трансфер на искуства. Конкретно, на специјално организирани настани на вмрежување, релевантни претставници од бизнис секторот и средината на Р. Македонија и  регионот, со различни научни основи и со долгогодишно искуство во светот на бизнисот ќе ја претставуваат својата компанија , нејзините  успеси и потешкотиите со кои се соочуваат во нивниот претприемнички пат.  Студиски посети  со цел да се запознаат со саоодветни услови и контакти со развиени деловни средини. Достапност до претприемнички платформи за промовирање на иновативни идеи. На крајот во фазата на преинкубација ќе се организира прекуграничен натпревар за иновативни идеи во кој ќе бидат вклучени 30 корисници од двете земји и 5 други од нив (поединечно или во група) кои ќе имаат најдобри резултати  ќе патуваат во  Атина и ќе посетат Фонд за вложување на капитал. Проектот ќе подржи и отварање на мултуфункционален акцелераторски- инкубаторски простор кој е посветен на подршка на претприемачи и Start up како дел од факултетот за Информатички и комуникациски технологии во Битола (ФИКТ). За сето ова детално  ќе  бидат информирани сите што ќе доаѓаат на отворените часови „Ask me anything“ во наште простории на улица  “Кузман Јосифовски“ 88/4  секој ден од 12- 13 часот.Нашите соговорнички и со интересниот слоган многу детално  ни ја опишаа оваа пилот програма и   секако дека нивната позитивна енергија дополнително  ќе ги мотивира сите  оние кои се  заинтересирани  и ќе дојдат за да аплицираат и се вклучат во пилот програмата за start up бизнис. 

More from ИнтервјуMore posts in Интервју »

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.