Press "Enter" to skip to content

Основци од “Гоце Делчев“ гости на промоција во Библиотеката (фото)

Учениците од ОУ “Гоце Делчев“ имаа прекрасна можност да бидат на промоција на книгата “Девојчето на ридот“ од авторката Ида Мантон и да запознат лица со даунов синдром, да научат што е даунов синдром, да слушнат дека лицата со даунов синдром одат на училиште, работа, учестуваат во одлуки за нивниот живот и придонесуваат во општеството на многу различни и преубави начини.Ова е најдобар начин со време да ги подготвиме сите деца за свет со различности, за тие да пораснат и да станат освестени возрасни кои ќе креираат можности за лицата со Даунов синдром, не од жал, туку затоа што веруваат во нивните вештини, креативност и способности.

Ако погледнете во сите луѓе околу вас ќе го видите истото што ќе го најдете и во група луѓе кои маат Даунов синдром. Некои се весели, со смисол за хумор, некои се умерени вп пдмесивањето или претпочитуваат мир и свој простор. Некои од нив го познавааат цел град, а други ќе се затворат во својата соба, во царството на музиката или книгите.Целиот спектар на човековото однесување е она што ќе го најдете и во групата на лицата со Даунов синдром и сите тие се различни меѓу себе исто како сите други луѓе меѓу кои нема да најдете идентични личности.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.