Press "Enter" to skip to content

Промоција на делата на младите автори објавени во “Млади поетски перформанси“

Во Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ ќе се одржи промоција на  книгата „Млади поетски перформанси – избор на поетски творби, книга 2“.

-Веќе две години, Библиотеката со голем  ентузијазам започна да го реализира проектот „Млади поетски перформанси“, наменет за млади автори на поетски творби од Пелагонискиот регион, за ученици од 5-9 одделение од основните училишта, ученици од средните училишта и млади на возраст од 18 до 24 години. Целта на проектот е да ги поттикнеме и мотивираме младите литературни творци да пишуваат, да го промовираат и афирмираат своето креативно творештво, за прв пат да се објават во збирка поезија со што ќе им се даде можност да се претстават пред пошироката јавност. Во поттекст на проектот е заложбата за силна и директна стимулација на творештвото на младите автори од нашата земја, велат од Библиотеката.

Најдобрите и најквалитетните творби кои беа доставени се објавени во оваа заедничка збирка поезија, а се опфатени над 40 творби кои учестуваа самостојно или со ментори – наставници.

Проектот е финансиран од министерството за култура на Република Македонија, координатор на проектот  е м-р Фатма Бајрам Аземовска, соработници во проектот се  Илче Стојановски и м-р Зоран Јанакиевски, а темата во 2018 година беше “Зошто ја сакам мојата библиотека “.

Исто така сите училишни библиотекари од основните училишта  денеска ќе добијат сертификати, поради нивната   вклученост во активностите  “Октомври месец на книгата и месец на меѓународните училишни библиотеки“ и претставуваше убава можност сите заедно да одбереме еден ден во октомври за да ја прославиме важноста на училишните библиотеки. 

Библиотеката упатува благодарност до библиотекарите и наставниците кои беа дел од активноста:  Марија  Т. Тасеска,   Ирена Георгиевска, Ана Динковска Божиновска, Весна Алексоска, Блага Митреска, Лидија Павловска, Ивона Ангелевска, Ирена Настевска, Лили Бошевска, Маја Дамевска, Нела Неделковска, Весна Рабаџиевска и Благој Огненовски. 

Промоцијата ќе се одржи на ден 19.12.2018 година (среда) со почеток во 12 часот во просториите на библиотеката.

 

More from КултураMore posts in Култура »