Press "Enter" to skip to content

Новачани со ниски примања ќе имаат пристап до правдата

Адвокати ангажирани во имплементацијата на проектот “Мобилни тимови за правна поддршка на поединци и семејства со ниски приходи“ финансиран со средства од Европска Унија ги едуцираа жителите на општина Новаци.

Целта на проектот е зајакнување на пристапот до правда на најранливите категории на граѓани со што ќе се придонесе кон правно зајакнување, подобрување на законодавството, имплементацијата на постоечките механизми кои се однесуваат на пристапот на правдата.

Проектот опфаќа серија активности и тоа: правно советување од страна на мобилни тимови, локални настани на правна свесност на локалното население, стратешко застапување во предмети кои се однесуваат на пристап до правда, активности за подобрување на законите, нивна примена и политиките кои се однесуваат на приспот до правда.

На Обуката беа присутни околу 30 лица од разни целни групи, категории на граѓани и  разни возрасти. Поставија прашања од правен карактер на кои добија соодветни одговори и совети од страна на стручните лица.