Press "Enter" to skip to content

Промовирана книгата “Современи политички системи“ од професор Јове Кекеновски (фото)

Вчера во малата сала на Центарот за култура во Битола беше промовирана најновата книга “Современи политички системи“ од проф. Јове Кекеновски. Промотори на книгата беа проф. д-р Златко Димовски, проф. д-р Гордана Тасевска и проф. д-р Арсе Петрески.

Авторот на книгата Кекеновски при своето обраќање на присутните рече:-Сакам со оваа промоција да го надминам стереотипот дека се почнува и завршува во Скопје, посебно во делот на науката и второ, затоа што мислам дека и неопходно потребно е да се запознаат со научните достигнувања, посебно кога се работи за град во кој последните десетина години постојано сум присутен тука, како визитинг професор најнапред во факултетот за јавна администарција, па на Правниот факултет и последните години на БАС академијата.

Се работи за индивидуален и мошне обемен труд, плод на повеќегодишно истражување и научно проучување на создавањето и тековното функционирање на политичките системи во светот, а интересот кај Кекеновски за оваа проблематика се јавил уште од студенстки денови.-Мотив повеќе да се впуштам во “борба“ со овој предизвик беше фактот дека деталната елаборација и сеопфатното проучување на современите политички системи во науката и во практиката, денес, добиваат се повеќе на тежина и значење, а тука е и желбата да се остави свој личен траг и белег, како и да се даде достоен научен придонес во развојот на политичко-правните науки во РМ, рече авторот.Се работи за книга која е во обем од околу 1.100 страници, формат Б5 во тврда подврзија, а во неа се анализира функционирањето и развојот на политичките системи на десет држави: САД, Русија, Кина, Швајцарија, Белгија, Германија, Италија, Индија, Франција и Обединето Кралство Велика Британија и Северна Ирска (вклучувајќи ги и Шкотска и Велс).

Авторот сите политички системи ги обработува по ист метод на анализа и обработка: 1). краток приказ за државата (статистички, географски, демографски и други податоци), 2). историскиот развој на државата 3). хоризонталната и вертикалната поставеност на власта, 4). судството и 5). политичките партии и 6). локалната самоуправа.-Бидејќи се работи за динамична материја, истражувањето и проучувањето на политичките системи не завршува овде и тука со оваа книга, туку напротив продолжува и понатаму со несмалено темпо и ентузијазам, рече на крајот авторот, кој додаде набрзо ќе има ново дело кое повторно ќе биде резултат на трудот кој сега го вложува во проучување и анализирање на Балканските политички системи.

Книгата е интересна не само за студентите туку и пошироката читателска публика, посебно за избраните пратеници како и советници во единиците на локалната замоуправа, за политичките партии како и за научните и образовни установи.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.