Press "Enter" to skip to content

Битолска млекара организира новогодишна претстава за децата на вработените (фото)

Вчера во просториите на битолската млекарница за разлика од другите денови кога владее тивка работна атмосфера беше гласно се слушааа детски песни, а надвладеа детскиот жагор.Причина за ова беше новогодишната претстава која се одигра во холот на Млекарницата, а на која присутвуваа децата на вработените во Млекарата кои со големо внимание ги гледаа своите детски јунаци, глувчето, мачорот и самовилата.На крај дојде и најочекуваниот гостин, Дедо Мраз, кој на сите дечиња им ги подели новогодишните подароци, на кои сепак, најповеќе се израдуваа, а се фотографираа со него пред големата новогодишна елка.Ваквиот начин на прослава на новогодишните и божикните празници за вработените во Млекарницата е традиционален, кој децата со нетпрени го очекуваат секоја година.

More from ЗабаваMore posts in Забава »