Press "Enter" to skip to content

Голем Новогодишен концерт на малите ученици од Државното музичко училиште (фотогалерија-сите учесници)

Синоќа малата сала во Центарот за култура во Битола беше претесна да ги прими сите заинтересирани ученици, професори, родители, роднини, другарчиња… на малите-големи битолски музичари кои настапија на традиционалниот Новогодишен концерт.На концертот настапиија учениците од Државно музичко училиште кои учат во основните училипта во Битола, од второ до деветто одделение, односно ученици кои своја прва музичка наобразба ја стекнуваат во Нижото музичко училиште во Битола.Младите битолски музичари ја воодушевија публиката со изведбите на делови од класиците кои ги одбраа заедно со своите професори, на клавир, виолина, флејта, хармоника, труба, а се слушаа и арии.Новогодишниот концерт го отвори директорката на Државното музичко училиште во Битола, Катарина Велковска, а на крајот сите изведувачи заедно на присутните им ја честитаа новата 2019 година.На овој концерт настапија 25 ученици, а пред публиката се претставија:

-Стефан  Митевски – пијано

-Анастасија Јанкуловска -виолина

-Деа Ивановска – пијано

-Димитар Трајчевски – виолина

-Андреј Ристевски – кларинет-Јована Јосифовска – виолина

-Михаил Јошевски – пијано

-Стефан Кулевски – труба

-Теодора Кулевска – виолина

-Петар Пуровски – хармоника-Кристина Трајовска – Софија Михајловска – дуо пијано

-Михаил Врклевски – кларинет

-Емилија Илиевска – виолина

-Кристина Илиевска – пијано

-Јана Блажевска – соло пеење-Теодора Блажевска – виолина

-Аница Неловска – пијано

-Лука Лозановски – хармоника

-Јована Здравевска – виолина

-Димитар и Давид Стојчевски – дуо пијано-Ана Трсунова – флејта

-Николче Петковски – пијано

-Андреа Николовска – пијано

-Санела Шукриевска – виолина

-Јована Арсовка – пијано.Пијано придружба на Новогодишниот концерт беа проф. м-р Верица Дивитарова, проф. м-р Александра Јанкуловска, проф. Марија Јошевска и проф. Александра Пецакова.Публиката со аплауза ги наградуваше сите учесници за одличното изведување на делата кои ги имаа подготвено, а кои крајно сериозно ги презентираа.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.