Press "Enter" to skip to content

Ресторанот “Белведере“ подготвен за своите ценети гости да уживаат во престојните празници (фотогалерија)

Сместен на  локација во центар на Битола  во “Стаклената зграда“, на покривот, со поглед кон цел град ресторанот “Белведере“ со право има посебно место меѓу рестораните во нашиот град. Едноставно како некои знаат да кажат, глетката  која се протега  кон градот  одзема здив.Таквиот поглед е посебен и различен, ако го посетите ресторанот преку ден или ноќ. Преку ден убавините на Битола изгледаат толку близу, како да може да ги дофатите.Навечер е се некако мистично, осветлено од звездите. Кога и да го посетите ресторанот  нема да ве остави рамнодушни, а и свечениот амбиентот, особено во овие денови пред празниците кога е се украсено и осветлено, а милион сијалички на “Стаклената“ само го дополнуваат тоа.Ресторанот “Белведере“ и оваа година пред Новогодишните и Божикните празници е подготвен за забави.За претстојните  празници ресторанот “Белведере“ ви нуди вечери исполнети со вкусна храна, уметнички аранжирана до перфекција. Заедно се вкусната храна се и добри вина, други видови пијалоци и коктели. Предновогодишни забави се особено популарни и затоа поминете убави вечери со вашите колеги или пријатели.За Новата 2019 организирана е забава со разновидни специјалитети и посебна програма со музика.Деновите после Новата година се уште може да прославувате со добра вечера и музика.  На овие организирани забави гостите ќе ги забавуваат реномирани оркестри со програма која би требало да придонесе за добра забава.  Вкусна  храна, разновидниот избор на пијалоци  ќе ја дополнат  новогодишната атмосфера.

Ж.Ристевска

 

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.