Press "Enter" to skip to content

Несекојдневна промоција на Маестро Зоран Џорлев во “Милениум“ (фото)

Денес на пладне во ресторанот на хотелот “Милениум“ се одржа необична промоција на це-дето насловено ”Свирете ја зајди зајди” од Маестро Зоран Џорлев со неговата виолина.

Оваа промоција на насловната песна  ”Свирете ја зајди зајди” и уште 14 инструментални поп хитови отпеани од Џорлев со неговата виолина, беше несекојдневна бидејќи се случуваше спонтано, меѓу гостите во ресторанот, додека пиеја кафе, уживаа во ручекот, а во позадина ја слушаа музиката од це-дето. -Музиката е најубавата порака што допира до секого, посебно во празничните денови. Ова цеде, на чија реализација чекав подолго време, и кое за мене е многу значајно, сакав да го подарам токму за време на овие големи празници. Многу ќе ме израдува ако „Свирете ја зајди зајди“ го разубави семејниот амбиент. Духовната вредност секогаш ми била поважна од материјалната па затоа решив да се продава со цена од само сто денари, за да може секој да го има оригиналот без да го преснимува, рече Зоран Џорлев на промоцијата во Битола.

На це-дето покрај насловната песна “Свирете ја зајди зајди“ се  наоѓаат уште:

-Признавам не можам без тебе 
-Чукни во дрво 
-Се што сакав по тебе
-Кога те нема 
-Опасно сум вљубен во тебе 
-Лени 
-Ангели ме носат 
-Остани мој 
-Сонце за три светови
-Роза сина 
-Тајно моја 
-Носталгија 
-Таму кај што си 
– 223-305.
-Вакви промоции се планирани низ повеќе градови, а денес сум во Битола, тука меѓу битолчани, а многу ми значат пофалбите за песните на це-дето и за мојата досегашна работа кои ги добив од нив, додаде Џорлев.

Промоција на ЦД ”Свирете ја зајди зајди” се одржа во Скопје на 20 декември, во Македонска Опера и Балет, а битолчани кои беа во “Милемиум“ имаа ретка прилика да си купат оригинално це-де само за 100 денари, потпишано од авторот.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.