Press "Enter" to skip to content

Битолчани со голем огномет, оро кое го водеше градоначалничката и “Ако одам во Битола“ влегоа во Новата 2019 година (фотогалерија)

На плоштадот “Магнолија“, повеќе ијлади битолчани, точно на полноќ кога се преклопија сказалките на Саат кулата со голем огномет влегоа во Новата 2019 година.По огнометот новогодишната порака кон битолчани, наместо градоначалничката, ја прочита Илина Чоревска, во која градоначалничката Наташа Петровска, им посака на своите сограѓани успешна 2019 година.Потоа следуваше изведбата на песната “Ако одам во Битола“ и големото оро кое се виеше на плоштадот “Магнолија“, а го предводеше градоначалничката м-р Наташа Петровска.Битолчани во новата година влегоа со “Кафана Широк сокак“ со групата Боеми и актерите Илина Чоревска, Викторија Степановска-Јанкуловска, Маја Андоновска-Илиевски и Соња Ошавкова.Претходно на плоштадот битолчани ги забавуваа ди-џеј Христијан Ѓаковски, Сефедин Бајрамов и Силви Бенд.

Текст и фото: С. Ристевски

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.