Press "Enter" to skip to content

Населба “Ушици“, четири генерации коледари покрај огнот запален по 55. пат од 1964 година

Коледарските огнови го наговестуваат раѓањето Христово. Така и оваа година традиционално секое маало или населба во Битола пали коледарски оган. Интересно е во населбата “Ушици“ каде постарите кажуваат дека палењето на оган има можеби најдолга традиција во градот од далечната 1964 година, кога и се изградија и првите куќи на местото на “Расадникот“, а огнот се пали на истото место. Тука покрај што се жителите кои живеат тука се и оние кои во изминатите години се преселени во други маала во градот од “Ушици“, но тука се за Коледе, секоја година.Оваа година традицијата ја продолжуваат помладите генерации, и така сега покрај огнот заедно беше и четвртата генерација на внуци и правнуци, кои исто како и нивните татковци и дедовци палат оган. Вечерва коледарската традиција ја продолжија, Андреj, Дамјана, Кико, Нина, Елена, Филип, Ања, Дарио, Лео, Даријан, Софија, Јована, Дамјан, …“Децата од нашата улица“ како што ги “знаат“ сите во населбата “Ушици“ или најмладата генерација оваа година се подготвуваа посебно за овој ден кој за нив беше  многу значаен. Тие уште во текот на денот сложни, си оргaнизираа, што ќе купат за јадење и решија да запалат  посебен оган, помал, настарана од возрасните за да си бидат слободни.-Оваа година ние сите одлучивме да се организираме подобро од минатата година и собравме пари од кои сами си купивме за јадење и одлучивме да си запалиме помал оган каде ние сами ќе се веселиме. Се договориме и на полноќ да запалиме и испратиме во воздухот балони кои кога ќе летнат ќе си замислиме желби за во Новата година, ни кажа Андреј Лозановски, кој беше еден од главните “организатори “ кај децата од нашата улица.Постарите беа на “главниот“ оган, кои посериозно од најмладите се подготвуваа за Коледе, а таму се раскажуваше за минатите времиња и секако се потсетуваа  како беше низ годините. Но, секоја година во “Ушици“ е  весело и со богата трпеза, беа разлика дали е комунизам, социјализам, капитализам, и дали поповите кажуваат дали да се пали оган или не. За скарата задолжени и тука помладите меѓу кои и Бојан Михајловски, кој и го одржуваше огнот. Тука беа и Игор, Иле, Филип, Владе, Мартин, Дијана…-Мора да се продолжи традицијата, ние веќе сме “навлечени“ на Коледе, а мило ми е што тука сме заедно со најмалите кои веќе ја прифатија традицијата и сами се организираа за оган и се она што оди со огнот, вели Бојан, кој на оган беше со татко му Владо, брат му Игор и внукот.Поради ниските температури на огнот, или на клупата каде редовно играа бељот во топло време, најкратко останаа повозрасните кои рано се прибраа дома. Но, ги радуваше тоа што нивните потомци беа тука со нив, на огнот во паркчето, кај картите, по 55. пат да го запалат коледарскиот оган, а се радуваа Спире, Митко, Благој, Драган, Цанко…, а сите заедно да ја продолжат традицијата која ја започнаа во 1964 година, Мендо, Душко, Рампо, Коле, Рафе, Коста, Џајко…

Ж. Ристевска

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.