Press "Enter" to skip to content

Од денес скијање на ски-патеката “Копанки“ по истите цени од лани

Скијачкиот центар е целосно подготвен и екипиран за непречено и безбедно функционирање на ски-терените. Спроведени се редовните технички подготовки и активности за почеток и тек на новата скијачка сезона, извршено е обележување на постојните патеки, а скијачките терени се подготвени со помош на машините за подготовка на скијачките патеки.

За скијање во функција се ставени жичарницата и ски – лифтот  во ски – центарот „Копанки“,а ќе работат од 9 до 15,30 часот.

И годинава ќе важат истите цени на ски – билетите. Сезонскиот билет е 4.000 денари, дневен билет чини 300 денари, тридневен 600 денари, билет за едно возење со жичарница чини 100 денари.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.