Press "Enter" to skip to content

“Вечниот бог“ се пееше на Бадниковата поворка, од 600 деца, низ Широк Сокак (фотогалерија)

По повод Христовото раѓање денеска на пладне во Битола, по Широк Сокак, се одржа Бадниковата поворка на која учество зедоа околу 600 деца, а во поворката беа и нивните родители, комшии, пријатели…И покрај минусните температури, и студеното време учество зедоа над 600 деца кои во текот на поворката од Офицерски до Саатот и во црквата “Св. Димитрија“ цело време на цел глас ја пееја песната “Вечниот бог“.Потоа сите дечиња беа во црквата “Св. Димитрија“ каде беседа за Божик им одржа владиката Петар.-Големиот број на деца и нивни родители кој го наполнија овој храм во голем број според мене не е дел од некој нов, обичај, туку ја прикажува вербата во Бога и прославата на Божик, им порача Владиката Петар.Потоа владиката Петар им ги подели бадниковите пакетчиња на сите учесници на Бадниковата поворка, а на влезот во црквата добија и бадникови гранчиња.

Најзаслужните за организирање на оваа “Бадникова поворка“, Јасна Николовска и Кире Божиновски не ја криеја радоста од тоа што на поворката имаше толку дечиња и дека нив улиците на Битола се возобнови оваа убава традиција, Бадниковата поворка и пеењето на песната “Вечниот бог“.

More from БитолаMore posts in Битола »