Press "Enter" to skip to content

Божиќна и семејна бајка во домот на битолското семејството Христови (фотогалерија)

Божик уште го нарекуваат празник на семејството. Традицијата, сплотеноста, скромноста се најзначајни. За семејството Христови овие празници имаат големо значење и така и ги прославуваат.  Уште со влегување во нивниот двор Божиќна бајка… звуци на тивка божикна песна, украсени елки, пештерата каде е роден Исус Христос со слама, осветлена…. се чувствувате за миг како да сте во Витлеем, во ноќта на Христовото раѓање.Понатаму со влегување во домот секој дел украсен и осмислен така да секој украс  се вклопува во свечениот амбиент, а големата елка украсена со преубави лампиони кои се наредени со толкава симетрија така да секој лампион, како бисер, е на свое место.Подолго време пред празниците куќата се уредува и украсува на посебен начин ни кажа домаќинката на куќата Марика Христова која е и најзаслужна за се тоа да изгледа како Божикна и новогодишна бајка.  Интересно е што таа секоја година го осмислува и украсува домот на различен начин, а и оваа година домот им е посебна новогодишна и божиќна приказна.  Сопругот, Михајло Христов, е тука со неа да ги реализира нејзините креативни замисли во врска со сијаличките и електричното поврзување, тој трпеливо и со голема љубов е покрај неа и и помага дизајнот да добие магичен, блескав изглед.-Сигурно има повеќе од 1.000 сијалички, од кои најмногу на големата елка која го зазема и централното место во домот и декорирањето околу неа, ни кажа Марика и продолжи:-Од како ја купивме пред 12 години секоја година таа добива различен дизајн кој го осмислувам во мојата глава пред украсувањето, но може да се случи да добијам некоја идеја и повторно да започнам од почеток за да добие вистински изглед. Околината и другите делови од куќата се исто така добро осмислени. Моите две ќерки, Маргарите и Мелина, се тука со мене и ми помагаат во се, но најповеќе во купувањето на украси секаде од каде патуваат. Оваа година сите многу се израдуваваме со големиот Дедо Мраз, со многу весело лице и насмевка, со висина од 1,60 метри, се вклопи во амбиентот, но и внесе радост во нашиот дом.Марика Христова ја искористи и приликата да им посака честит Божик на сите и радоста и среќата на сите да продолжат во текот на цела 2019 година.Христови беа многу љубезни домаќини, а низ фотографиите можете да почуствувате дел од Божикната и семејна идила на ова старо битолско семејство, кое во оваа куќа, на ова место, на само десетици метри од Широк Сокак, живее од далечната 1925 година.

Жанета Ристевска

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.