Press "Enter" to skip to content

Библиотеката ја објави листата на најчитани книги во 2018 година

-Како што е обичај по крајот на секоја календарска година насекаде во светот се објавуваат различни листи на најпопуларни личности, филмови, настани и слично, кои го задржуваат вниманието и на најобичниот читател, вели  м-р Фатма Бајрам-Аземовска, виш библиотекар во Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола.

На листата за најчитани  книги во 2018 година во Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола се следниве книги;

 „Гордост и предрасуда“  –  Џејн Остин,

„Станарката на замокот Вајлдфел“ – Ен Бронте,

 “Апартман во Пари“„ – Гијом Мисо,

Серијалот „Седумте сестри“ – Лусинда Рајли

„Во еден момент“ – Гијом Мисо

„Душокршачот“ – Себастијан Фицек

„Ако не постои утре“ – Гијом Мисо

„Последниот истрел“ – Баркли Линвуд

„Бебето на Бриџит Џонс“ – Хелен Филдинг

„Нултиот број“ –  Умберто Еко

Наједноставниот начин да се осигураме дека ќе воспитуваме и одгледуваме писмени деца е да ги научиме да читаат и да им покажеме дека читањето е пријатна активност. Тоа значи да пронајдат книги во кои ќе уживаат, да им дадеме пристап до тие книги и да им дозволиме да читаат.

Најмладите наши читатели, учениците читаат во огромен број на што се должи на различните проекти, активности ги мотивираме да бидат присутни во библиотеката и да читаат книги.   Не постои лоша книга за децата.

Најчитани наслови за најмладата популација се:

„Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња“ – Билјана С. Црвенковска

 „Лесната принцеза“ – Џорџ Мекдоналд

 „Кралот на златната река“ – Џон Раскин

„Тато, имаме приказна“ – Александар Таковски, Гала Таковски

„Кралот на златната река“ –  Џон Раскин

Еднаш го прашале Алберт Ајнштајн како децата да ги направиме интелигентни. Неговиот одговор бил едноставен и мудар: „Ако сакате вашите деца да бидат интелигентни, читајте им бајки. Ако сакате да бидат уште поинтелигентни, читајте им уште повеќе бајки“. Тој ја сфатил вредноста на читањето и замислувањето. Се надевам дека на нашите деца можеме да им дадеме свет во кој ќе читаат и ќе бидат читани, ќе мечтаат и ќе разбираат вели „Нил Гејман“.

-Библиотеката популаризира читање на македонските автори, како и роднокрајни автори. Еден од најчитаните се романите на Винка Саздова, Јагода Михајловска Георгиева, Венко Андоновски, мотивациски книги од Коста Петров, Румена Бужаровска, Фросина Пармаковска,  Михајло Свидерски итн.  Исто така не радува фактот дека нашите читатели почнаа да читаат книги од роднокрајните автори, додава вели  м-р Фатма Бајрам-Аземовска.

-Во времето кога сите некаде брзаме, со многу проблеми, со многу обврски… Ве покануваме да дојдете во нашата институција каде ќе најдете книга по Ваш вкус, книга за секого, своевидна библиотерапија за секој читател, аптека на душа, велат од Библиотеката.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.